Свет

Израел: Претставен план за стабилизација на односите со Газа

13.09.2021 11:35

Не станува збор за предлог за преговори со Хамас или слабеење на Палестинската управа која редовно соработувала со Израел...

Министерот за надворешни работи на Израел, Јаир Лапид претстави нова визија за односите со Газа. Нагласи дека ова не е предлог за преговори со Хамас или слабеење на Палестинската управа која редовно соработувала со Израел.

„Постојат две фази за промена на економската реалност во Газа, комбинација од меѓународни инвестиции на израелско-палестинската соработка и Хамас во состојба на мирување“, додаде тој.