ВМРО-ДПМНЕ бара Филипче и Хасани оставките да ги достават до Собранието

13.09.2021 12:16

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе достави предлог одлука за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче заради лошиот менаџмент на здравствената криза која што кулуминираше со трагичниот случај во Тетово...

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе достави предлог одлука за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче заради лошиот менаџмент на здравствената криза која што кулуминираше со трагичниот случај во Тетово.

ВМРО-ДПМНЕ бара Филипче и неговиот заменик Хасани оставките да ги достават до Собранието, а не до премиерот Заев.

„Оваа предлог одлука ја засноваме на членот 68 од Уставот на Република Македонија, а слична таква предлог одлука доставиле оние кои што денеска ја критикуваат односно пратеничките групи на СДСМ и НСДП во 2013 година, 25 октомври врз основа на овој член доставиле предлог одлука за разрешување токму на оваа уставна норма“, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Од опозициската партија ценат дека катастрофата во Тетово треба да заврши со констатација на оставката на министерот Филипче во Собранието и да се избере нов министер за здравство кој што ќе може на подобар начин да го води овој ресор.