Бензините поскапуваат за денар, цената на дизелот останува иста

13.09.2021 12:52

Малопродажните цени на дизелот и екстралесното масло за домаќинство не се менуваат, додека мазутот поскапува за 0,55 денари и килограм ќе чини 38,395 денари.

Од полноќ бенизните поскапуваат за денар. Литар Еуросупер БС- 95 ќе се продава за 73, додека Еуросупер БС- 98 за 75 денари. Малопродажните цени на дизелот и екстралесното масло за домаќинство не се менуваат, додека мазутот поскапува за 0,55 денари и килограм ќе чини 38,395 денари.

Причини за корекциите на цените на бензините и мазутот во просек за 0,84% се зголемувањето на референтните цени на дериватите на светскиот пазар и промената на курсот на денарот во однос на доларот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.