Антиќ се повреди, Атланта паѓа во плеј-оф битката
27.03.2014 13:30
Перо Антиќ има дисторзија на скочниот зглоб, откако го свитка во една бизарна ситуација кога згазна на стапалото на својот тренер. Антиќ одигра 16 минути во четвртиот редоследен пораз на Хокс, со 107:83 на гости кај Минесота, а Њујорк чека од позадина и опасно се заканува за 8 позиција на Истокот.

Перо Антиќ има дисторзија на скочниот зглоб, откако го свитка во една бизарна ситуација кога згазна на стапалото на својот тренер. Антиќ одигра 16 минути во четвртиот редоследен пораз на Хокс, со 107:83 на гости кај Минесота, а Њујорк чека од позадина и опасно се заканува за 8 позиција на Истокот.
Се очекува повредата на Антиќ да биде многу брзо санирана и тој да се врати на терените во наредните неколку денови. Проблемот за неговата екипа се и новата серија порази, со кои што Хокс сега имаат скор 31/39, а Њујорк има 30/42. Добро за Атланта е што и Никс загубија во синоќешната НБА програма, инаку ќе се изедначеа со Хокс според бројот на победи.
Нашиот интернационалец имаше три поени, со учинок 1/5 од поле, односно 1/4 за три поени. Патем прифати 4 топки и имаше една украдена, во една од неговите статистички послаби партии во НБА лигата. Милсап постигна 12 поени со 10 скокови, а Тиг прв пат сезонава не постигна ниту еден поен, откако на претходните 4 средби имаше просек од 23.
Диенг ги предводеше домашните до триумфот со 15 поени и 15 скокови, го следеа Бруер и Мартин со по 18 поени и Кевин Лав со 14 поени и 12 скокови. Вообичаено очајната одбрана на Тимбервулфс на овој натпревар одигра солидно, со 17 украдени топки од кои 6 во клучниот трет период кога беше направена решавачката предност, патем задржувајќи ја Атланта на 37,8% вкупен шут од поле.
На другите средби:
Сакраменто – Њујорк 99:107
Индијана – Мајами 84:83
Сан Антонио – Денвер 108:103
Њу Орлеанс – Клиперс 98:96
Јута – Мемфис 87:91
Шарлот – Бруклин 116:111(ОТ)
Вашингтон – Феникс 93:99
Бостон – Торонто 90:99
Детроит – Кливленд 96:97
Минесота – Атланта 107:83
