Шолц победник во второто соочување со ривалите за канцеларската функција
Кандидатот на социјалдемократите за наследник на Меркел, Олаф Шолц во предност и по второто соочување со претендентите за канцелар. Кај четворицата кандидати во фокусот економијата, работни места и општествената кохезија. Изборите во Германија се закажани за 26-ти септември...

Кандидатот за канцелар на Социјалдемократската партија на Германија, Олаф Шолц и натаму во предност. Според анализата на јавниот сервис, тој добил најголема поддршка и во второто телевизиско соочување со ривалите од Унијата ЦДУ/ЦСУ Армин Лашет, и Аналена Бербок од Партијата на зелените. На стартот на дебатата, сопартиецот на канцеларката Меркел со вербален напад кон Шолц поради наводен финансиски скандал во Министерството за финансии.
„Гледате како погрешно се толкуваат работите, и како намерно се извртуваат. Господине Лашет, вината е ваша, јасно е. Во Федералното министерство за финансии немаше истрага. Вие намерно го создадовте овој погрешен впечаток“, рече Олаф Шолц, кандидат за канцелар на СПД.
Тројцата кандидати ги изнесоа своите ставови за серија прашања, вклучувајќи ги здравството, инфраструктурата, пензиите, климатските промени и мигрантите. Зелените и СПД постигнаа согласност за повеќето теми.
„Ви гарантирам дека како канцелар ќе можете да ми верувате дека ќе ја отстранам бирократијата, нема да ве принудувам, ќе ви дозволам да си ја вршите работата. Ние нема да ви кажуваме како да размислувате, зборувате и живеете“, нагласи Армин Лашет, кандидат за канцелар на ЦДУ.
„Ова е огромна можност за нашата земја. За здрав и добра живот, за силна економија со безбедни работни места. За вистинска општествена кохезија. Ова е задачата на нашето време. Задачата на мојата генерација“, кажа Аналена Барбок, кандидат за канцелар од Паријата на зелените.
Третата дебата е на 23-ти септември, три дена пред парламентарните избори. Меркел деновиве е во посета на Западен Балкан. Аналитичарите сметаат дека регионов не треба да очекува големи промени од нејзиниот наследник.
Маја С. Филдишев
