Здравство

Струмица: За пет дена 12 смртни случаи од Ковид- 19

13.09.2021 13:37

За пет дена во Струмица 12 смртни случаи од Ковид- 19. Од болницата велат дека пациентите доцна побарале лекарска помош, но имале и коморбидитети. Од 77 хоспитализирани пациенти, 13 се со комплетна вакцинација...

Во Струмица за последните пет дена регистрирани се 12 смртни случаи. Од болницата велат дека пациентите доцна побарале лекарска помош, биле со ниска сатурација, но имале и придружни болести кои дополнително ја усложниле клиничката слика. Струмица од почетокот на пандемијата до денес е со најмногу смртни случаи во цел исток и југоисток, односно 251 пациент.

Бројот на пациенти кои дневно бараат помош опаѓа, вели директорката на струмичката болница, д-р Катерина Кузманова, а хоспитализирани биле 77 пациенти, 23 од нив се на кислородна поддршка. За разлика од претходните пандемски бранови, овој не ја одминува помладата популација.

Од 77 болнички лекувани пациенти во струмичката болница, 13 од нив се со комплетна вакцинација.

Стојне Митева