Над 60 насто од жителите на Штип се комплетно имунизирани, расте интересот кај младите
Над 26 илјади е бројот на комплетно имунизирани жители во Штип. Во Кочани целосно имунизирани се 16 илјади лица. Во останатите општини на истокот, процентот на вакцинирани е помалку од половина од населението. Најслаб одзив се бележи во Македонска Каменица каде имунизирани се само околку две илјади лица...

Над 60 проценти од жителите на Општина Штип, се комплетно имунизирани, вакцинациналниот пункт работи две смени, шест дена во неделата. Најголем интерес деновиве има од граѓаните на возраст до педесет години, а на повик на изнемоштени лица, се врши и теренска вакцинација.
Секое попладне во периодот од 16 до 18 часот во Здравствениот дом во Штип се имунизираат студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“, а без „Мој термин“ се имунизираат жители од поширокиот регион. Граѓаните задоволни од организацијата во вакциналниот пункт.
Денес во Штип има 233 активни ковид- пациенти, 46 лица од регионот се на лекување во ковид центарот, шестмина од нив се вакцинирани, а 30 се на кислородна подршка.
Славица Величковска
