Белград

Развојот на железничкиот транспорт во регионот - приоритетна цел

13.09.2021 14:02

Изградба на модерна дигитализирана железничка мрежа, со директни експресни возови кои ги повруваат градовите во регионот ќе придонесат за воспоставување на подобра поврзаност, сигурен транспорт за деловни и приватни патувања на Западен Балкан...

Изградба на модерна дигитализирана железничка мрежа, со директни експресни возови кои ги поврзуваат градовите во регионот ќе придонесат за воспоставување на подобра поврзаност, сигурен транспорт за деловни и приватни патувања на Западен Балкан и одржлива животна средина-основен приоритет во документот „Посветеност на железницата“, кој денес во Белград на првиот Железнички самит за Западен Балкан го потпишаа министрите за транспорт на Северна Македонија и земјите од регионот.

„Кога зборуваме за железничкиот и патен транспорт, тој не завршува на нашите граници, тој продолжува и затоа мораме заедно да работиме со цел да ги подобриме услугите, квалитетот, безбедноста и заштитата на животната средина и токму тоа е еден од најзначајните принципи зошто сме денес овде и зошто со останатите земји работиме на подобрување на овој сегмент на транспортот. Ние мораме да продолжиме да работиме со уште посилно темпо и динамика на Коридорот 10 и Коридорот 8“, изјави министерот Бочварски.

На Самитот, потпретседателката на ЕИБ, Љиљана Павлова, изјави дека „ќе ги подржи локалните партнери за пристап на расположливите фондови, за што досега ЕИБ има вложено над 5 милијарди евра во транспортниот сектор.

Самитот коинцидираше со доаѓањето на Европскиот воз, кој поминувајќи низ 26 европски земји вечерва се очекува да пристигне во Скопје.

Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ