Стабилна е состојбата во прилепските градинки
Во шесте прилепски градинки состојбата е стабилна, оценуваат надлежните. Две негувателки се позитивни, а 30 деца превентивно се во изолација, но нема ниту едно дете заболено. Интересот на родителите е голем, има 370 деца на листата за сместување...

Здравствена состојба во шесте прилепски детски градинки е стабилна. Нема ниту едно дете заболено. Иако две негувателки се позитивни на корона- вирусот и поради тоа две групи со вкупно 30 деца остануваат во изолација, но нема позитивни случаи меѓу децата, констатираат од градинките.
88 проценти од 186-те вработени се вакцинирани. Во шесте градинки, според протоколите се сместени 618 деца, но интересот кај родителите е голем. Дури 370 деца се на листата за сместување во градинките.
Освен во детските јасли, сите возрасни групи во градинките се со зголемен број од 15 на 25 деца.
Елизабета Митреска
