Во занаетчиството има перспектива
Интересот е генерално насочен кон занаетите кои носат профит. Ракотворбите, техничките занаети, услугите и градежништвото се најатрактивни...

Субвенциите помогнаа и за развој на нови занаети што ќе помогнат во зачувување на традицијата. Експерти од странство ќе ги обучуваат учениците и ќе ги насочат како да скројат бизнис план и да ги дефинираат приоритетите во неколку области.Сивата економија и недостигот на млад квалификуван кадар се уште се најголемите проблеми на македонските занаетчии. Голем број работат на црно, но секторот, сепак, гледа перспектива зошто, според неговите претставници, има огромна поддршка од Владата.
„Занаетчиството има значајна улога во создавањето и изразувањето на идентитетот на нацијата, претставува поддршка на локалниот одржлив економски развој, како и борба против невработеноста. Иако често се гледа како индустрија од мал обем, опфаќа милијарди долари и евра од светскиот пазар. Секторот е особено значаен за руралните средини на економиите во развој. Нашата држава го препознава тоа“, изјави вицепремиерот Владимир Пешевски.
Како што беше речено пред денешното годишно Собрание на Балканската канцеларија за мало стопанство и занаетчиство, интересот е генерално насочен кон занаетите кои носат профит. Ракотворбите, техничките занаети, услугите и градежништвото се најатрактивни.
Младите повеќе се определуваат за модерните и техничките занимања отколку за традиционалните занаети. Предничат фризерството и мехатрониката во автоструката што подразбира спој на механика, електроника, информациска техонологија и компјутери.
