Политика

Оставките зависат од истрагата

13.09.2021 14:37

Не мислам дека цела Влада треба да си поднесе оставка по катастрофалниот пожар во тетовската модуларна болница, смета премиерот Заев. Појасни дека Филипче ги извршува тековните обврски. ВМРО-ДПМНЕ со предлог- одлука за разрешување на министерот за Здравство, заради како што велат лошиот менаџмент на здравствената криза и трагедијата во тетовската модуларната болница...

Не мислам дека целата Влада треба да си поднесе оставка, став на премиерот Заев. Повтори дека го разбира моралниот чин на министерот, заменикот и на директорите, со доставените оставки, но сепак прво ќе почека на сите одговори од експертите и форензичарите, од севкупната истрага.

Премиерот посочи дека изградбата на модуларните болници, е правена преку проект на Светска банка, преку кредитната линија повлечена за потребите на социјалните случаи во државата и за здравствениот систем.

Опозициската ВМРО- ДПМНЕ и коалициските партнери со предлог одлука за разрешување на министерот за здравство Филипче поради како што велат, лошиот менаџмент на здравствената криза која што кулминираше со трагичниот случај во Тетово.

Во врска со кажаното од собранискиот спикер Џафери дека тој ќе го одбие предлогот како неоснован, Милошоски праша дали тој е избран од граѓаните за да ги заштитува или за да ги заштитува министрите? ВМРО- ДПМНЕ не поднесе интерпелација како уставна и деловничка можност, бидејќи имале неколку тековни интерпелации поднесено против министри, но спикерот Џафери ги чувал во фиока, посочува Милошоски.

 

Фиљана Кока