ДИК: Пристигна серверот со десет станици за полнење на терминалите за отпечатоци од прсти за локалните избори
Пристигна серверот потребен за користење на системот со кој на локални избори гласачите ќе се идентификуваат со отпечатоци од прст. Ќе биде поврзан со главниот сервер во ДИК за да се тестира. Германската „Дермалог“ испорачаа и десет станици за полнење на терминалите со информации за гласачите …

Во Државната изборна комисија пристигна и серверот со десет станици за полнење. Наскоро ќе се поврзе со серверот на ДИК и ќе биде тестиран за полнење на термините. Претседателот на ДИК, Даштевски уверува дека полека се комплетира опремата, процесот се одвивал добро, а ќе има и доволно време за обука на претседателите и замениците на избирачките одбори.
Првата пратка од 200-те терминали за читање отпечатоци од прст, за претстојните локални избори пристигна на почетокот на месецов. Како што е познато, предавањето ќе оди во неколку фази. Терминалите ги испорача германската компанија „Дермалог“.
Инаку, вкупно 297 кандидати ќе се натпреваруваат за градоначалничката позиција на локални избори на 17-ти октомври во 80 општини и Градот Скопје. Најмногу, 12 кандидати се пријавени во метрополата. Најмалку, само двајца, има за Маврово-Ростуше.
Од ДИК информираат дека откако општинските изборни комисии официјално ќе ги потврдат сите кандидатури најдоцна до 18-ти септември, тие ги доставуваат листите до ДИК за да биде извршено ждребување за редоследот на гласачкото ливче најдоцна до 23-ти септември.
Кампањата почнува на 27-ми септември, а завршува на 15-ти октомври на полноќ.
Наташа Гркова-Петрушевска
