Битола

В четврток свечено се отвора 42-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“

13.09.2021 15:15

Ако минатата година се одбележа само симболично, година во шест фестивалски вечери и почитување на ковид протоколите ќе се одржи 42-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Годинешното издание го носи мотото „И покрај сè“...

Со мотото „И покрај сè“ в четврток во пациото на Битолскиот завод и музеј свечено се отвора 42-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“. По минатогодишното само симболично одбележување, годинава со максимално почитување на ковид протоколите за безбедност и ограничен број на присутност на платното се враќаат филмските проекции во чест на кинематограферите.

Директорот на фестивалот, Симеон Мони Дамевски, вели дека многу препреки требаше да се прерипнуваат, но најважно од сè е што го имаме. Смета дека фестивалот мора да му се врати на Битола од еден поинаков аспект.

На шесте фестивалски вечери во официјална конкуренција ќе бидат прикажани десет долгометражни и уште толку краткометражни филмови.

Организаторите најавија и многу дополнителни содржини. Покрај веќе двајцата познат лауреати, Кристијан Бергер и Андреј Кончаловски, велат, ќе има и престижна награда за посебен придонес во филмската уметност, но засега името на овој лауреат останува тајна.

Стевче Митревски