Во Скопје прогласена епидемија на морбили
Епидемиолозите забележале дека децата родени од 2012 наваму се само 80% вакцинирани против морбили. Апелираат до сите родители да ги вакцинираат своите деца според имунолошкиот календар...

Во Скопје има 25 заболени од мали сипаници, а заболените се семејно поврзани- информираат од Центарот за јавно здравје –Скопје,а Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство по вчерашниот состанок прогласила епидемија поради тоа. Во 4-5 семејства има по неколку заболени главно невакцинирани. Само еден од нив е вакциниран со цела доза и еден со половина. Затоа, кај сите во семејствата што не биле вакцинирани е извршена вакцинација и кај возрасните и кај децата. Половина од заболените се возрасни, а другите се деца до 4 годишна возраст. Повеќето се од селата околу Скопје.
