Задругите да се вратат на село, советуваат експертите
Задругарството повторно да се врати во селата по теркот на другите европски земји, советуваат експертите. Целта е земјоделците да ги намалат трошоци, а заеднички да продаваат повеќе на пазарот. Последниве години кај нас се формирани вкупно 29 мали и 5 големи земјоделски задруги.

Во Македонија, од кога е донесен законот во 2013-тата па досега, се регистрирани и работат скоро 29 задруги. Пет од нив се мали и 24 големи.
Вкупно низ целата држава обработуваат 870 хектари ниви, сопственици се на 260 пчелни семејства и сите заедно имаат стадо од 450 говеда, 200 кози и 250 овци.
Задруги има во речиси сите региони од земјава, а се формирани со цел производството да го зголемат со заедничко работење, да ги намалат тршоците и повеќе да продаваат на пазарот. Задругарите велат дека вака полесно се преговара со откупувачите кога ќе дојде врема да ги продаваат своите производи, кога треба да добијат пониска цена за набавка на заштитни средства, вештачко ѓубриво и механизација и кога им требаат пари за инвестиции од банките.
Задругите, најчесто се занимаваат со повеќе земјоделски дејности што е резултат на македонското поднебје, на едно стопанство да се произведуваат различни култури.
Помал дел од нив се специјализирани за една гранка, како на пример овоштарството, лозарството, пчеларството или производството на ориз.
Методија Трајков
