Над 150 медиуми ја прекинаа соработката откако Талибанците презедоа контрола
Од здружението на независни новинари во Авганистан побараа активен ангажман од организациите кои ги поддржуваат медиумите за да не бидат затворени сите телевизиски канали.

153 медиуми престанаа да соработуваат со Авганистан откако талибанското движење ја презеде контролата на средината на август. Главна причина за медиумскиот мрак се тешката економска ситуација и ограничувањата кои беа наметнати од Талибанците.
Од здружението на независни новинари во Авганистан побараа активен ангажман од организациите кои ги поддржуваат медиумите за да не бидат затворени сите телевизиски канали.
Итна постапка побара и Националната унија на новинари со цел да се избегне загрзоување на слободата на медиумите.
Во меѓувреме, на донаторската конференција во Женева беа ветени 1,2 милијарди долари помош за населението во Авганистан, но и поставени барања до талибанците.
Според ОН, 93 % од домаќинствата немаат доволно храна, а снабдувањето со основни потреби во земјата е пред колапс.
