Проширување на валутното тргување според Европската централна банка

27.03.2014 13:46

Се менува тековната регулатива којашто предвидуваше тргувањето на девизниот пазар да се врши само со десет валути, со новата одлука се овозможува склучување трансакции со странски платежни средства коишто гласат во валути од Курсната листа на Народната банка, којашто е проширена со додавање на сите валути објавени од страна на Европската централна банка.

Се менува тековната регулатива којашто предвидуваше тргувањето на девизниот пазар да се врши само со десет валути, со новата одлука се овозможува склучување трансакции со странски платежни средства коишто гласат во валути од Курсната листа на Народната банка, којашто е проширена со додавање на сите валути објавени од страна на Европската централна банка. Имајќи ја предвид стратешката определба на Република Македонија за приклучување кон Европската Унија, Советот на Народна Банка донесе нова одлука за начинот на формирање и објавување на курсевите на Народната банка на Република Македонија со која се проширува опфатот на валутите за коишто ќе се објавува курсот на денарот, со додавање нови валути чиишто курсеви се објавени од Европската централна банка.