САД

Вашингтон и натаму расположен за соработка со Пјонгјанг

14.09.2021 09:46

Од Белата куќа соопштија дека ставот на Вашингтон нема да се промени. Реакции и осуда за последната проектилна проба стигна и од официјален Сеул и Токио.

САД се подготвени за соработка со Северна Кореја иако Пјонгјанг за викендот тестираше нова ракета со голем дострел. Од Белата куќа соопштија дека ставот на Вашингтон нема да се промени. Реакции и осуда за последната проектилна проба стигна и од официјален Сеул и Токио.

Ракетите прелетале 1.500 километри пред да ја погодат целта и паднаа во територијалните води на Северна Кореја. Пјонгјанг и натаму тврди дека развојот на ова оружје е од стратегиска важност и со него се гарантира безбедностa на земјата.