Истражните органи работат на откривање на причините за пожарот во Тетово

14.09.2021 10:00

Донесена е писмена наредба до Mинистерството за здравство за предавање на целокупната документација за градбата на модуларната болница. Испратени се истражители заради подигнување на целокупната документација, која ќе биде предмет на разгледување и анализа, велат од ОЈО.

Тетовското Jавно обвинителство продолжува со континуирано преземање дејствија за расчистување на трагичниот настан во модуларната ковид-болница. Донесена е писмена наредба до Mинистерството за здравство за предавање на целокупната документација за градбата на модуларната болница. Испратени се истражители заради подигнување на целокупната документација, која ќе биде предмет на разгледување и анализа, велат од ОЈО.

Петтемина обвинители поднесоа барање до велешкото Oсновно јавно обвинителство од правно лице од Велес, да се одземе целокупната документација за градбата на модуларната болница во Тетово. Издадена е писмена наредба до тетовската Клиничка болница да се достави елаборатот на системот за снабдување со кислород.

Со наредба ќе се одземат и снимките објавени на социјалните мрежи за пожарот. Обвинителството продолжува да сослушува сведоци и лица кои што даваат потребни известувања, за трагичниот настан, во кој загинаа 14 лица.