Финансиската полиција годишно открива криминал тежок 20 милиони евра
Целта на кривично-правниот прогон, не е само да биде осуден оној што го направил, туку и да се докаже, дека криминалот не се исплати, велат обвинителите...
Финансиката полиција, во последните три години, има спречено случаи на странски криминал, вреден десетина милиони евра. Целта на кривично-правниот прогон, не е само да биде осуден оној што го направил, туку и да се докаже, дека криминалот не се исплати, велат обвинителите.
„Целта на судството и кривично-правниот прогон не е само оној што го сторил кривичното дело да биде осуден и ставен во затвор. Јавното обвинителство е тука за да докаже дека криминалот не се исплатува, со што ќе имаме и помалку криминал“, нагласи државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски во воведното излагање на регионалната работилница на тема „Финансиски истраги“.
Тој појасни дека самата тема финансиски истраги не значи истрага за сторен финансиски криминал, туку истрага за потеклото на имотот на оние сторители на кривични дела со кои е прибавена финансиска или друга материјална корист.
„Во последните две-три години во Македонија многу се актуелни откупувачите на секундарни суровини. Само во последните две-три години Финансиската полиција има реализирано случаи на финансиски криминал вреден околу 10-тина милиони евра. На годишно ниво финансискиот криминал кој што ние како Финансиска полиција го истражуваме, откриваме и документираме и понатаму го процесуираме до Јавното обвинителство изнесува околу 20 милиони евра“, вели Александар Тргачевски, директор на Управата за финансиска полиција.
