Меркел на средба со лидерите на Западен Балкан

14.09.2021 13:31

Германската канцеларка организира работен ручек со лидерите на земјите од регионот, на кој главна тема ќе биде регионалната соработка...

Владината делегација, предводена од премиерот Заев пристигна во работна посета на Тирана, на покана на германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската канцеларка организира работен ручек со лидерите на земјите од регионот, на кој главна тема ќе биде регионалната соработка.

Во попладневните часови премиерот заев ќе има и одвоена билатерална средба со Меркел, на која ќе се разговара за трговската размена меѓу двете земји, политичките околности за натамошното проширување на ЕУ и за иницијативата „Отворен Балкан“, чија што главна цел е забрзана интеграција на регионот во Европската унија.