Струмица

Наградата „Ристо Шишков“ за Ѕвезда Ангеловска

14.09.2021 13:50

Овогодинешниот лауреат на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ е актерката Ѕвезда Ангеловска. Доцна синоќа беше спуштена завесата на камерниот театар во Струмица на кој учествуваа театри од земјава и странство...

Ѕвезда Ангеловска на овогодинешниот ФКТ „Ристо Шишков“ ја доби наградата за најдобро актерско остварување. Таа според жирито се истакна во најдобро светло во улогата на Таа во претставата „Само глас“, во продукција на Македонскиот народен театар од Скопје. Трансоформациите на ликот го покажуваат актерскиот дијапазон на Ангеловска, дијапазон со океанска длабочина и небесна широчина. Таа манифестираше модерен актерски израз во контекст на актуелниот глобален општествен миг, истакна минатогодишната лауреатка Пешевска.

Ангеловска не присуствуваше на доделувањето на наградата, но сепак и во телефонската изјава не го криеше задоволството од наградата која смета дека театарот треба да живее, а наградите треба да се поттик за големи успеси како во земјава така и надвор од неа.

Ѕвезда Ангеловска по втор пат ја добива наградата „Ристо Шишков“. Прв пат се закити со ликот на великанот во 2003 година и досега е единствена која два пати го добива ова признание.

 

Стојне Митева