Куманово: Досега имунизирани над 1.000 млади
Непречено се реализира имунизацијата во Куманово. Во оваа општина досега се аплицирани 76.000 дози вакцини. Интерес има и кај помладите од 12 до 18 години. Се спроведува и акцијата за вакцинација на болни и немоќни лица во домашни услови...

Околу 76.000 дози вакцини се аплицирани на пунктот во Куманово, покажуваат податоците на Здравствениот дом. Имунизацијата тече непречено. Од оваа установа информираат дека интерес за вакцинација има и кај помладите, но и кај повозрасните. Дневно се вакцинираат и до 1.000 лица.
На пунктот во Куманово досега се имунизирани и млади, од 12 до 18 години. Вкупно вакцина примиле 1.000 лица.
Пунктот во моментов располага со Синовак и Астра Зенека за прва доза, а се врши и ревакцинација со Фајзер.
„Има поголема посетеност мислам дека најмногу доаѓаат оние до 50 години, но има и над 60 години, има на секоја возраст луѓе што доаѓаат. Има некои лица кои доаѓаат сакаат Фајзер или кинеска, но ја даваме таа која што ја имаме во моментов“, изјави Драгана Тасевска, лекар во Здравствен дом Куманово.
Паралелно се спроведува и теренската вакцинација, а значаен е и интерест за имунизација на болни и немоќни лица во домашани услови.
„Досега се вакцинирани над 2.000 лица и можеме да кажеме дека има интерес и таа акција продолжува. Апелирам до сите граѓани што побргу да ја искористат можноста за вакцинација, бидејќи самата вакцинација е најдобриот начин за превенција на тешките форми на болеста и спречување на ширењето на вирусот“, вели лекар Монализа Мемети при Здравствен дом Куманово.
Покрај Куманово, Крива Паланка и Кратово, пункт за вакцинација наскоро ќе добие и општина Липково.
Елена Георгиевска
