Забелешки за Предлог- законот за минерални суровини
Постапките за давање концесии за експлоатација на минерални суровини не се доволно транспарентни за жителите на локалните заедници. Ископувањето на песок и чакал од реките и од езерата се дозволува исклучиво за бизнис цели, а третманот на хидројаловиштата како потенцијално најопасни места во рударските комплекси, е недоволно регулиран. Ова се дел од забелешките на новиот Предлог- закон за минерални суровини...

Постапките за давање концесии за експлоатација на минерални суровини не се доволно транспарентни за жителите на локалните заедници, ископувањето на песок и чакал од реките и езерата се дозволува исклучиво за бизнис-цели, а третманот на хидројаловиштата како потенцијално најопасни места во рударските комплекси не е доволно регулиран. Ова се дел од забелешките на новиот предлог-закон за минерални суровини, кои алијансата за застапување и лобирање „Разбистри сѐ“ ги престави на јавна расправа.
Во решението има одредени подобрување - намален е обемот на површина којашто се експлоатира, скратено е и времетраењето на концесиите.
Предлог- законот за минерални суровини беше повлечен на доработка, за потоа со европско знаменце да се врати во Собранието.
Ана Јосифоска Тодоровска
