Унапредување на позицијата на жените во надворешната политика
Во Скопје дводневна конференција за промоција на родовата еднаквост „Жени во надворешна политика“. За прв пат ја организира Министерството за надворешни работи, на иницијатива на заменик министерката за надворешни работи, Фатмире Исаки, а под покровителство на Првата дама, Елизабета Ѓоргиевска...

Потребно е унапредување на позицијата на жените во надворешната политика, но и во сите други процеси на донесување одлуки во државава – заклучок од конференцијата во Скопје. Изминативе три денецении има напредок во родовата еднаквост, но носењето закони без нивна целосна имплементација не е доволно за да се почуствуваат промени.
Министерот за надворешни работи Османи посочи дека само со родова еднаквост можеме да градиме мирно и прогресивно опшество. Тој потенцираше дека нашата држава е обврзана за градење на концепт за еднакви можности и тоа е вметнато во нашето закондаство.
На конференцијата беа разменети мислења и од високо рангирани политичари и дипломати од регионот и жени-амбасадорки.
На дводневната конференција ќе се усвои заедничка декларација за основање на мрежа на жени дипломатки на Западен Балкан.
Марина Стојанова Тонева
