Димитров ќе учествува на регионална конференција во Солун посветена на европската перспектива на Западен Балкан

15.09.2021 09:22

На покана на алтернативниот министер во грчкото министерство за надворешни работи, заменик- претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, е дел од панелот „Западен Балкан учествува во дијалогот за иднината на Европа“ на кој ќе се дискутираат ставовите на земјите и граѓаните од Западен Балкан и ЕУ за иднината на Европа.

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров попладне ќе учествува на регионална конференција во Солун посветена на европската перспектива на Западен Балкан.

На покана на алтернативниот министер во грчкото министерство за надворешни работи, заменик- претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, е дел од панелот „Западен Балкан учествува во дијалогот за иднината на Европа“ на кој ќе се дискутираат ставовите на земјите и граѓаните од Западен Балкан и ЕУ за иднината на Европа.

Настанот се одржува на маргините на 85-тиот Меѓународен саем во Солун и е дел од грчкиот национален дијалог во рамките на Конференцијата за иднината на Европа, како процес за одредување на идните насоки на европската интеграција.