Парични казни за Вардар, Брегалница и Пелистер
Дисциплинската комисија на ФФМ го казни со 1000 евра ФК Вардар поради неспортско однесување и фрлање на пиротехнички средства на нивната навивачка групана натпреварот со Пелистер од 21 коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран на 9 март во Скопје.

На истиот натпревар и навивачите на битолскиот тим се однесуваа неспортски и фрлаа пиротехника па и ФК Пелистер ќе мора да плати казна во висина од 750 евра. За таа сума ќе биде испразета и касата на ФК Брегалница која дозволила присуство на неслужбено лице во своите простории и фрлање предмети на терен од страна на своите навивачи на дуелот со ФК Работнички од 21 коло во Штип.
Дисциплинска постапка е покрената против Пелистер поради фрлање предмети на теренот на прволигашкиот натпревар од 23 коло во Битола против Македонија ЃП на 23 март, и против второлигашот ФК Зајаси поради слаба организација на првенствената средба од 19 коло против ФК Скопје одиграна на 22 март на стадионот во Кичево.
Претставниците на овој клуб и сите службени лица на тој натпревар во рок од три дена мора да достават писмени изјави до Дисциплинската комисија на ФФМ.