Во Собранието продложение на 50-та седница
Вчера ВМРО-ДПМНЕ побара законодавниот дом да донесе одлука за разрешување на министерот за здравство. Тоа е најмалку што може да го направи Собранието, бидејќи Филипче, според опозицијата, сноси објективна одговорност за катастрофата во Тетово.

Собранието ја продолжува работата по 50-та седница чиј што дневен ред сѐ уште не е утврден.
Вчера ВМРО-ДПМНЕ побара законодавниот дом да донесе одлука за разрешување на министерот за здравство. Тоа е најмалку што може да го направи Собранието, бидејќи Филипче, според опозицијата, сноси објективна одговорност за катастрофата во Тетово.
Спикерот Џафери тврди, Уставот е јасен и не дава таква процедурална можност, а според мнозинството, ВМРО-ДПМНЕ ја манипулира јавноста и ја злоупотребува тагата.
Откако по паузата, разрешувањето на Филипче не се најде на дневниот ред, опозиционерите ја напуштија салата, а седницата беше прекината.
