Активни 12.893 случаи со Ковид-19

15.09.2021 09:42

Последната статистика на Министерството за здравство покажува дека вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 184.277, бројката на оздравени пациенти е 165.077, на починати 6.307.

Во земјава активни 12.893 ковид случаи. Последната статистика на Министерството за здравство покажува дека вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 184.277, бројката на оздравени пациенти е 165.077, на починати  6.307.

Вчера беа регистрирани  нови 572 случаи на заразени со коронавирусот, од кои половината во Скопје. 12,7 проценти од направените 4.511 тестови биле позитивни. Битката со Ковид-19 ја загубиле 30 луѓе. Најмладиот е жител на Демир Капија на возраст од 25 години. Како оздравени се водат уште 694 пациенти.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. Со последните бројки, 54 отсто од населението над 40 години имаат примено една доза вакцина и 30 отсто од населението над 18 до 39 години е вакцинирано со една доза.