Средношколците од Тетово и Гостивар до 20-ти септември ќе следат онлајн настава

15.09.2021 09:56

Владата одлучи наместо до 14-ти септември во средните училишта во Тетово и Гостивар наставата да се одвива онлајн до 20-ти септември.

Поради состојбата со епидемијата, Владата одлучи наместо до 14-ти септември во средните училишта во Тетово и Гостивар наставата да се одвива онлајн до 20-ти септември.

Од владината прес – служба соопштија дека Владата на вчерашната 106-та седница донесе одлука наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да продолжи да се изведува онлајн до 20-ти септември наместо до 14-ти, како што беше планирано со претходната одлука.