АХВ

Искоренета свинската чума кај малите преживари

15.09.2021 09:13

Агенцијата за храна и ветеринарство од Светската организација за здравствена заштита на животните неодамна доби статус „Земја слободна од чума кај малите преживари“. Ваквиот статус носи поголема доверба и сигурност кај странските потрошувачи за брендот и за квалитетот на македонските добиточни производи и нивните преработки.

Агенцијата за ветеринарство, по искоренувањето на болеста и престанокот со вакцинирањето, од светската организација за здравствена заштита на животните и официјално доби статус на „Земја слободна од чумата кај малите преживари“.

Со ова се потврдува подготвеноста  и ефикасноста  на институциите фармерите, ловечките друштва и невладините организации од областа на здравствената заштита на животните.

На овој начин се стекнува и поголем углед и доверба во меѓународната заедница во трговијата со живи животни, производи и нус-производи од животинско потекло.

Болеста мора да се пријави и затоа и покрај добивањето на статусот слободна земја. Агенцијата има обврска за задолжително информирање на светската организација за тековната и за евентуална промена на епидемиолошката состојба со болеста чума кај малите преживари.

Болеста не е опасна за луѓето, но причинува големи економски загуби кај овците и козите.

 

Методија Трајков