Гутереш го отвори 76-то Генерално собрание на ООН
Општите дебати почнуваат следниот вторник. Американскиот претседател Џо Бајден е меѓу светските лидери кои ќе зборуваат годинава.

Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш на отворањето на 76-то Генерално собрание во Њујорк, ги оквалификува климатските промени и коронавирусот како закани кои не познаваат граници, кои претставуваат голем предизвик и создаваат поделби.
„Војната на нашата планета мора да запре. Треба да завршат и меѓусебните војни. Време е да се фокусираме на борбата против заедничкиот непријател на човештвото: пандемијата. Членовите на ова собрание мора да зборуваат со еден глас“, нагласи Гутереш.
Општите дебати почнуваат следниот вторник. Американскиот претседател Џо Бајден е меѓу светските лидери кои ќе зборуваат годинава. Поради пандемијата, општата дебата ќе има помалку учесници. Многу шефови на држави и влади нема да патуваат во Њујорк и наместо тоа ќе учествуваат онлајн.
