ЦИА: Ал Каеда повторна можна закана

15.09.2021 11:28

Бериер изјави дека Ал Каеда повторно може да им се закани на САД од Авганистан за една до две години.

Шефот на американската одбранбена разузнавачка агенција Скот Бериер изјави дека Ал Каеда повторно може да им се закани на САД од Авганистан за една до две години.

Го повтори предупредувањето издадено од ЦИА пред повлекувањето на американските трупи од земјата дека веќе откриле индикации за потенцијален трансфер на Ал Каеда во Авганистан.

Експертите веќе долго време велат дека Талибанците одржуваат врски со екстремистичката група, која имаше прибежиште во Авганистан пред нападите на 11 септември 2001 година.