Фон дер Лајен во посета на Западен Балкан до крајот на овој месец
Во говорот за состојбата на Унијата во Европскиот парламент, Фон дер Лајен истакна дека Европската унија ќе биде посилна заедно со Западниот Балкан.

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен до крајов на месецов ќе го посети Западниот Балкан, за да се увери во посветеноста на Унијата на проширувањњето.
Во говорот за состојбата на Унијата во Европскиот парламент, Фон дер Лајен истакна дека Европската унија ќе биде посилна заедно со Западниот Балкан.
„Градењето силни партнерства не е луксуз, туку услов за нашата стабилност и безбедност. Ова ќе почне со продлабочување на односите со нашите најблиски партнери и соседи“, оцени претседателката на ЕК.
„ЕУ и САД секогаш ќе бидат посилни заедно. Истото важи и за нашите соседи на Западниот Балкан. Пред крајот на месецов ќе патувам во регионот за да испратам силен сигнал за нашата посветеност на пристапниот процес. Им должиме на младите луѓе кои веруваат во иднина во Европа. Затоа ја засилуваме поддршката преку новиот инвестициски и економски план со околу третина од регионалниот БДП“, нагласи Фон дер Лајен.
