Народна банка

Основната каматна стапка останува на ниво од 1,25%

15.09.2021 12:22

Според централната банка, ова придонело за зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економијата.

Народна банка соопшти дека Комитетот за оперативна монетарна политика оценил дека нивото на основната каматна стапка е соодветно на тековните економски и финансиски услови, и останува непроменето, односно на нивото од 1,25%, со што се задржува олабавениот карактер на монетарната политика.

Според централната банка, ова придонело за зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економијата.

Досегашното намалување на основната каматна стапка, како и позначителното намалување на понудениот износ на благајнички записи придонесоа за зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економијата. На седницата беше оценето дека тековната ликвидност на банкарскиот систем е соодветна, при што беше одлучено на аукцијата на благајнички записи што ќе се одржи денес да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари, информира денеска Народната банка.

Во однос на макроекономските показатели во домашната економија не се забележани позначителни отстапувања, но, како што велат од Народната банка, неизвесноста и ризиците од понатамошниот тек на пандемијата предизвикана од Ковид-19 и понатаму постојат.