Состанок на Јужна Кореја и Кина во Сеул

15.09.2021 12:35

Неодамнешните тестови сугерираат дека Северна Кореја се залага за зајакнување на својот арсенал оружје во услови на ќорсокак во нуклеарната дипломатија меѓу Пјонгјанг и Вашингтон.

Состанок на министрите за надворешни работи на Јужна Кореја и Кина во Сеул. Во фокусот на разговорите- Северна Кореја и други регионални безбедносни прашања. Средбата се случува два дена откако Пјонгјанг истрела две балистички ракети во својот прв тест за оружје во последните шест месеци.

Неодамнешните тестови сугерираат дека Северна Кореја се залага за зајакнување на својот арсенал оружје во услови на ќорсокак во нуклеарната дипломатија меѓу Пјонгјанг и Вашингтон.

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи Чунг Еуи-Јонг ќе се обиде преку својот кинески колега Ванг Ји да одигра поактивна улога во убедувањето на северот да се врати на нуклеарните преговори.

Иако постојат прашања за влијанието на кина врз Северна Кореја, Пекинг е се уште последниот најголем сојузник и добротвор на Северна Кореја.