Ковид-19

Се стабилизира епидемиолошката состојба во Гевгелија

15.09.2021 12:49

Се стабилизира епидемиолошката состојба во Гевгелија. Епидемиологот Олумчев со прогноза дека во Нова година во Гевгелија ќе се создаде колективен имунитет...

Полека се стабилизира епидемиолошката ковид слика во Гевгелија. Околу 60 отсто од граѓаните во градот и околните населени места веќе се вакцинирани. Интересот за вакцинација и понатаму расте, а епидемиологот Олумчев е оптимист дека ако продолжи ваквата слика, до Нова година , може да се создаде и колективен имунитет.

Вакцини во земјава има, ќе има ли и интерес кај граѓаните, со цел да се постигне повисок праг на имунитет пред најавите за новите ковид мутации.

Најновите прогнози на здравствените лица се дека е потребно да се постигне праг на колективен имунитет од 80 до 85 отсто кај населението за да се спречи ширењето на вирусот. Но, овој праг ќе може да се постигне само ако со вакцинацијата бидат опфатени и адолесцентите.

Се стабилизира и едпидемиолошката слика и во училиштата.  130- те гевгелиски ученици кои беа во излоција се враќаат во училишните клупи. Поради пет инфицирани ученици и опасноста вирусот да биде внесен во училиштата, било донесено решение сите ученици да се изолираат, а наставата да ја следат он- лајн.

За разлика од Гевгелија која е меѓу општините, не само во регионот туку и во земјава, со висок процент на вакцинираност на населението, во Струмица како најголема општина во регионот има слаб интерес за вакцинација, а процентот е околу 36.

 

Стојне Митева