Царовска: Состојбата во училиштата е стабилна
Вчера биле пријавени 0,01% новозаболени од вкупниот број ученици, изјави министерката за образование Царовска. Бројот на инфицирани наставници е далеку помал, а состојбата во училиштата ја оценува како стабилна. Доколку се вклучи алармот ќе се премине кон некој од алтернативните начини на изведување на наставата, најави Царовска...

Се намалува бројот на новозаразени ученици со Ковид-19. Вчера се регистрирани 24 деца позитивни на вирусот. Многу помал бројот кај наставниците, односно од почетокот на учебната година досега заболеле вкупно 0,05 насто. Министерката Царовска тврди состојбата е стабилна и нема потреба да се менува моделот. Вели, во оној момент кога ќе се вклучи алармот ќе се примени некое од трите сценарија усвоени од Владата и Комисијата за заштита од заразни болести. Таа ги повика директорите да ги почитуваат протоколите за да се заштитат учениците.
За укажувањата на Народниот правобранител за поплаките околу пропустите во протоколите, како што се недостиг од дезинфекциски средства и од просторни услови за физичка дистанца меѓу учениците, Царовска одговори - за ова не е надлежно Министерството, туку Комисијата за заразни болести.
Царовска е задоволна и од процентот на наставниците кои се имунизирани против Ковид- 19. Досега, како што информираше, се вакцинирани 74 насто. Очекува наскоро да се достигне колективниот имунитет во образовниот сектор.
Викторија Милевска
