Дела од Петар Хаџи Бошков ќе бидат изложени во археолошкиот локалитет „Стоби“
На 18-ти септември ќе се отворат вратите на локалитетот „Стоби“ за големата изложба со дела на Петар Хаџи Бошков, еден од најзначајните творци во втората половина на 20 век. Поставката вклучува четириесетина репрезентативни дела од повеќе творечки фази на Хаџи Бошков, кои опфаќаат четиридецениски период од неговото творештво...

Еден од најзначајните ликовни творци во втората половина на 20 век. Човек со интернационален дух и светоглед. Школуван во повеќе значајни центри во светот, кадешто истражувал и се спријателил со легендарниот британски скулптор Хенри Мур. Сите изложени дела авторот Хаџи Бошков ги има зачувано ги оставил во наследство на своето семејство. Неговиот син Игор ги позајми за планираната поставка во „Стоби“ на 18-ти септември.
На изложбата посетителите ќе им биде овозможено движење меѓу инспиративните објекти на локалитетот „Стоби“, меѓу кои и на полукружниот плоштад, Виа Сакра, сцената на Античкиот театар и коридорот под гледалиштето.
Оваа поставка не е само рестроспектива на еден значаен македонски автор, туку обид за взаемно разоткривање, создавање нишка меѓу античкото и модерното, велат кураторите на изложбата.
Александра Спировска
