Заедничка владина седница со Косово утре во Скопје
Договорите, како што информираше на денешната прес-конференција владиниот портпарол Муамет Хоџа, се од областа на инфраструктурата, дијаспората, енергетиката, економијата, туризмот безбедноста, иноваци и технолошки развој и други области.

Владите на Република Северна Македонија и Република Косово утре во Скопје ќе одржат заедничка седница, на која ќе се потпишат низа договори и меморандуми со кои ќе се продлабочи и зајакне соработката меѓу двете држави.
Договорите, како што информираше на денешната прес-конференција владиниот портпарол Муамет Хоџа, се од областа на инфраструктурата, дијаспората, енергетиката, економијата, туризмот безбедноста, иноваци и технолошки развој и други области.
Владата, на вчерашната 106-та седница ги утврди пакетот договори и меморандуми за соработка со Република Косово, кои што се предвидени да бидат потпишани на заедничката седница.
Оваа информација произлегува како резултат на ангажманот на работната група составена од претставници од двете влади. Целта е да се задржи континуитетот во развивањето на добрососедските односи, имајќи предвид дека вакви седници беа одржани и со другите соседни земји, информираше на денешната прес-конференција владиниот портпарол Муамет Хоџа.
Придобивките, посочи Хоџа, од средбите се подобрување на трговската размена, подобра комуникација на граѓаните и бизнисот од двете страни, проекти од заемен интерес и подобра меѓугранична соработка.
