Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на Филипче да се разгледува во Собранието

15.09.2021 14:35

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот оставката на Филипче да се најде на дневен ред во Собранието. Во СДСМ посочуваат дека очекуваат опозицијата да присуствува во Собранието да се носат закони, зашто како што рекоа, со блокади губат само тие. Во ДУИ велат, функционерите кои поднесоа оставки остануваат да ги извршуваат функциите во здравството.

ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од барањето одлуката за оставка на министерот за здравство, Венко Филипче да се разгледува во Собранието. Според Николоски, Зоран Заев тактизира со испраќањето на оставката Филипче. Идејата е таа никогаш да не се реализира, имајќи во предвид дека Собранието поради локалните избори ќе работи до 24-ти септември, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ без посебен коментар за однесувањето на опозицијата во законодавниот дом. Натамошните чекори не можат да се предвидат, но како што вели Митревски, казна ќе има од граѓаните.

Интегративците велат дека оставките на функционерите во здравството се чин на морална орговорност. Сѐ додека не им бидат прифатени или одбиени оставките од премиерот, тие си ги извршуваат функциите и нема застој во работата на институциите.

Во Собранието не помина предлог одлуката од ВМРО-ДПМНЕ за разрешување на Филипче, бидејќи спикерот Џафери одби да са стави на дневен ред со образложение дека не е законска  и се коси со деловничките одредби.

Игор Панов