Ковид-19

Вирусот во моментов има широка инфекција

15.09.2021 14:55

Домашно лекување и задоцнето барање лекарска помош се причините за големата смртност на пациентите со Ковид -19, велат од Владата, коментирајќи го извештајот на „Економист“, според кој Македонија е неславен лидер во регионот, трета земја во Европа, не само по смртност, туку и по починати во домашни услови...

Вирусот во моментов има широка инфекција, во постојана координација и комуникација сме и со епидемиолозите, остануваме да ја следиме ситуацијата и доколку е потребно да се дејствува со нови мерки тоа ќе го направиме, информираше министерот за здравство Филипче по координацијата со директорите на Клиниките.

Од Владата немаат инфорамации дали е прекината градбата на трите модуларни болници, но потенцираат дека тие се од исклучителна важност за згрижување на пациентите.

Лекување дома и задоцнето барање на лекарска помош е причината за големата смртност на пациенти со Ковид -19. Вака Арсовски го коментира извештајот на „Економист“ според кој Македонија е неславен лидер во регионот, трета земја во Европа, не само според смртноста, туку и според починатите во домашни услови, никогаш претходно тестирани на ковид.

Од Владата информираа дека премиерот Заев ќе реши за оставката на Филипче по добивањето на резултатите од истрагата.

 

Наташа Јанчиќ Менковски