Стопанството заживеа, но има предизвици
Стопанството крена глава последниве месеци, но неизвесно е како ќе ја заврши годината. За некои доцна стигна раздвиженоста, како во гадежништвото кое мака мачи и со администрацијата. Извозот и транспортот немаат проблеми. Малку необично е, велат извозниците што полесно се стигнува до земјите на ЕУ, отколку во регионот...

Градежниците ги чувствуваат последиците од минатата корона година, повеќе од преполовена е работата. Заживувањето стигна, но пред крајот на сезоната. За нив, админстрацијата останува проблем. Тешко се стигнува до документација, уште поретко до дозвола за градба.
Транспортерите, односно извозот, немаат проблем иако земјава не е на листата за безбедно патување. Пласманот е непречен, но пандемијата ја почна и ќе ја заврши годината, со зголемени цени на суровините, што влијае на продажните.
Старата болка со административните бариери во земјите на Југоисточна Европа, направи многу побрзо да се стигне до земјите на Европската Унија.
Елизабета Митреска
