Во Скопје денеска пристигнува нова група граѓани од Авганистан

15.09.2021 15:46

Првата група од 149 Авганистанци во земјава пристигнаа на 31-ви август, меѓу кои повеќето жени и деца...

На Меѓународниот Аеродром во Скопје денеска се очекува да пристигнe нова група граѓани од Авганистан, информираат од Владата. Како што посочуваат од Владата, не се придвидени изјави на владини претставници при пристигнувањето.

Инаку, првата група од 149 Авганистанци во земјава пристигнаа на  31-ви август, меѓу кои повеќето жени и деца. Станува збор за вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“ каде што Северна Македонија е официјално членка, како и вработени и соработници на „Транспаренси интернешнал“, „Светски економски форум“ и други меѓународни организации.

Сите се сместени во хотелот „Белви“ на периферијата на Скопје.