Завршна фаза на пречистителната станица во Штип
Ставена е во тест работење пречистителната станица во Штип. Преку овој капитален објект ќе се овозможи снабдување со питка вода на над 100 илјади домаќинства во градовите од регионот, како и наводнување на големи земјоделски површини. Од буџетот се издвоени 6 милиони евра...

Стартува тест периодот на пречистителната станица за водата од Хидросистемот Злетовица во Штип со ултрафилтрација и капацитет за преработка на 300 литри во секунда. Ова е најголема станица од ваков вид во државата, и чекор до финализирање на првата фаза од Хидросистемот Злетовица - водоснабдување на околу 100.000 жители во Пробиштип, Кратово, Злетово, Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово.
Првата фаза од Хидросистемот Злетовица чини 100 милиони евра од кои 40 милиони се буџетски средатва, а 60 милиони заем од јапонската асоцијација „Џајка“.
Водите на Злетовска река регулирани со брана Кнежево ќе се користат за наводнување на околу 4.500 хектари земјоделско земјиште, ќе гарантираат заштита од поплави и обезбедување на биолошки минимум.
Славица Величковска
