Хрватска

„Поезија без граници“: Ќе се чита македонска поезија во Задар

14.09.2021 10:42

Поетскиот настан ќе се оддржи во Задар, во рамките на осумнаесетите Денови на македонската култура.

Македонското културно друштво „Билјана“ од Задар, во соработка со претставничката на македонското национално малцинство на Задарската Жупанија, ја организираат манифестацијата „Поезија без граници“.

Поетскиот настан ќе се оддржи во Задар, во рамките на осумнаесетите Денови на македонската култура.

Поети читаат свои песни на мајчин јазик. Гости се поети од Задарската и Шибенско-Книнската жупанија.

Манифестацијата се оддржува во дворот на Градската библиотека во Задар.

Покровители на настанот се Советот на нацинални малцинства на Република Хрватска и преставничката на Македонското национално малцинство на Задарската Жупанија.

 

Аида Николовска