Колмен од Будуќност во Работнички
Американецот Вилијам Колмен е нов играч на Работнички

206 сантиметри високиот играч, којшто до пред два дена беше член на најдобриот црногорски тим Будуќност, ќе биде засилување големо засилување на нашиот најтрофеен клуб за позициите „четири“ и „пет“ пред почетокот на суперлигашката фаза од домашниот кошаркарски шампионат.
Некогашниот играч на грчка Кавала и на француски Ле Ман, го напушти Будуќност веднаш откако тимот ги загуби шансите за пласман на фајнал-фор турнирот на АБА Лигата. Сезонава настапи на 22 натпревара, на коишто оствари просек од 4.5 скокови и 2.2 скока за речиси 11 минути на паркетот.
Дебито на Колмен за Работнички може да се очекува веќе в среда во вечното дерби против МЗТ Скопје Аеродром, на стартот од главниот натпреварувачки сегмент во првенството. Тимот од „Градски Парк“ значително го збогати составот, откако пред неколку дена сем договори неговиот дрес повторно да го облече поранешниот репрезентативец Димитар Мираковски.
