Активни над 13 илјади ковид случаи, ако е потребно ќе се воведат нови мерки

16.09.2021 09:42

Надлежните укажуваат дека коронавирусот моментно има широка инфекција. Ситуацијата се следи, а доколку е потребно ќе има нови мерки.

Бојот на активни ковид случаи изнесува 13.027. Според вчерашниот извештај на Министерството за здравство за претходното деноноќие, од 4.621 тестирање се регистрирани 617 нови случаи на Ковид -19, починаа 32 лица, а оздравеле 450 пациенти. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 184.893, на оздравени пациенти е 165.527, а на починати 6.339.

Надлежните укажуваат дека коронавирусот моментно има широка инфекција. Ситуацијата се следи, а доколку е потребно ќе има нови мерки.

Во ковид – центрите низ државата има доволно кревети за хоспитализација на пациенти, престојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации, што бара сериозен пристап и коориднација која успешно се менаџира. Дополнителни капацитети за лекување пациенти со ковид има и истите може да се стават на располагање во секој момент, напиша вчера на својот фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче.

Според последните податоци, на вакциналните пунктови во државата и на терен вакцинирани се вкупно 763.965 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.411.735 дози вакцини, а ревакцинирани се 647 769 граѓани.

Со последните бројки, 55 отсто од населението над 40 години имаат примено една доза вакцина и 30 отсто од населението над 18 до 39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 – годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.