Измени на Изборниот законик за контрола на државните ресурси во изборниот процес
Предлог-законот е донесен со 78 гласа „за“, два „против“ и еден „воздржан“ и 24 гласа „за“ и еден „воздржан“ од пратениците од помалите етнички заедници, без расправа по скратена постапка.

Собранието ги донесe измените на Изборниот законик кои ќе важат од овие локални избори. Предлог-законот е донесен со 78 гласа „за“, два „против“ и еден „воздржан“ и 24 гласа „за“ и еден „воздржан“ од пратениците од помалите етнички заедници, без расправа по скратена постапка.
Како предагачи се потпишани координаторите на пратеничките групи. Во образложението се наведува дека тие произлегуваат од препораките во последниот извеештај на ОБСЕ-ОДИХР и дека ДИК ќе треба да донесе нов роковник.
Инаку, премиерот Заев и министерот за правда Маричиќ синоќа се сретнаа со шефицита на мисијата за следење на локалните избори на ОБСЕ. Сите државни институции се задолжени до Антикорупциската комисија да достават податоци за сите моторни возила за да се спречи користењето за време на изборите.
Се усвои и користењето на отпечаток, за што во избирачкиот список ќе има и посебен бар код за контрола на гласањето, било кажано на средбата.
