КОВИД-19
Хакери украдоа податоци за милиони тестови за коронавирусот
16.09.2021 10:15
Украдените податоци се на луѓе од Париз, кои биле тестирани летото.

Хакери украдоа резултати од 1,4 милиони тестови за коронавирус во Париз. Нападот погоди област каде што беа складирани лабораториски податоци за пренос до фондовите за здравствено осигурување и до здравствените власти.
Украдените податоци се на луѓе од Париз, кои биле тестирани летото.
Националната база на податоци за резултати од тестови за коронавирус не беше погодена од нападот.
